Европската комисија (ЕК) даде чиста препорака и му препорача на Советот на Европа да ги започне преговорите со Македонија.
Извештајот со листата препорака од Брисел го презентираа Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.
– Земјите од Западен Балкан уште во февруари ја потврдија посветеноста… Комисијата го препозна напредокот на Македонија и Албанија и порача отворање на преговорите, истовремено посочувајќи што уште треба да се направи. Двете земји имаат направено многу ако тие испорачаат и ние мора да возвратиме. Честитки до нашите партнери за успешната работа. Но, како и секогаш немаме време да славиме, некогаш може да зборуваме за речиси е готово, мо далеку сме од тоа – рече Хан на прес-конференцијата во Брисел.
Целокупниот извештај, рече тој, можеби е критички настроени, но е позитивен.
– Сакам да потенцирам дека не постојат пократки патишта до ЕУ. Целиот процес е заснован на заслуги, секој што побргу ќе си ја заврши работата мора да биде награден. Исто така сакам да нагласам дека проширувањето на ЕУ е е награда за нашите партнери туку дека тоа е и изворен интерес на ЕУ е стабилноста – рече еврокомесарот.
Могери, пак, порача дека Западен Балкан е Европа и ќе биде дел од ЕУ. Ќе биде тоа, како што рече таа, силна и обединета Европска Унија, порача Могерини.
По прес-конференцијата во Брисел која се пренесуваше во живо во ЕУ инфо центарот во Скопје, пред македонските медиуми се обрати и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар. Тој се осврна на извештајот и ја поздрави стратегијата за реформи во администрацијата, за каде рече ЕУ бара итни реформи. Правосудниот систем има достигнато одредено ниво на напредок. Земјата има развиено нова и кредибилна стратегија за реформа во правосудството и тие треба да се спроведат.
– Прашањето со името е дефинирано како нешто што треба итно да се реши односно да се работи на тоа. Во таа насока преименувањата на аеродромот и автопатот беа спомнати како мерки за градење на доверба – рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање како ЕУ планира да ни испорача нешто како одговор за резултатите од реформите ако тука е спорот со името.
Тој порача да не се брза, да се води што ќе се случува во наредните месеци, на Самитот во Софија и непосредно пред одлучувањето на Советот на Европа за отворање на преговорите.