Постарата ќерка на Здравко Чолиќ стана вистинска убавица ФОТО

Со сопругата Александра е во брак 18 години, но неа во јавноста ретко кога можеме да ја видиме. Истиот случај е и со неговите ќерки Уна и Лара.

3782

Познато е дека легендарниот пејач Здравко Чолиќ својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста.

Со сопругата Александра е во брак 18 години, но неа во јавноста ретко кога можеме да ја видиме. Истиот случај е и со неговите ќерки Уна и Лара.

Неговата постара ќерка Уна неодамна го прославила 18. роденден, а со неколку фотографии од прославата се пофалила и на Инстаграм, каде ја следат 11.000 луѓе. на тоа Уна е вистинска убавица.

Иако ретко зборува за приватниот живот, Чола во едно интервју открил дека двете ќерки имаат талент за музика, но признал и дека се надева дека нема да се занимаваат со неговата професија. Во истото интервју објаснил зошто со семејството не се фотографира за медиумите, пренесува „Индекс.хр“.

– Што значи да се фотографирате за насловна страница? Немам ништо против кога сме семејно на аеродром да нè фотографираат, но ние да се наместиме за фотографирање, за тоа баш и не сум. Сè доаѓа спонтано во животот. Мојата постара ќерка кога гледа како се фотографираат нејзините врснички и ги објавуваат во весниците, вели дека тоа нејзе не ѝ е важно. Но, денес кога некој на нешто ќе им стави „лајк“, е тоа им е мило – открил пејачот.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...