Семејството на војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38) повторно ја шокираше јавноста. Нејзиниот внук Томас Дули (28) бил уапсен во Холивуд минатиот четврток.
Дули, син на полубратот на Меган, Томас Меркел Јууниор (53), полицијата го уапсила откако била забележан како шета по улиците гол и вреска на цел глас, зборувајќи бесмислици. Тој на себе имал само мала крпа, која подоцна му спаднала на земја, јавуваат локалните медиуми.
Кога забележал дека полицијата му доаѓа в пресрет, голиот Томас почнал да бега и се спротивставил на апсењето, па го казниле.
Под нормални околности Дули не би бил казнет, меѓутоа, затоа што се спротивставувал на апсењето и повредил во коленото еден полицаец.
Дули за време на апсењето бил под дејство на опијати, пишува ТМЗ.
Спомнатото видео е снимено од турист кој немал поим дека бил сведок на апсење на роднина на кралското семејство.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN