Зграната и збунета сум од одговорот на нашето пратеничко прашање, реагира пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната собраниска седница.
Таа објасни дека на последната седница побарала од премиерот Зоран Заев да одговори во писмена форма на прашање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кое што го поставиле до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни, според пристапот до јавните информаци – кои фирми ги добиле средствата во висина од 30 милиони ?
– Не знам што тоа имам прашано, за да добијам ваков одговор од страна на премиерот. Не поставувам несоодветни прашања, туку барам објаснување во писмена форма, според Законот за финансиска поддршка за инвестиции – кои фирми колку средства добиле ? Зарем пратениците треба да се оквалификуваат како тенециозни кога бараат да им кажете на граѓаните на кои компании сте довериле средства од граѓаните – забележа Затуроска и побара уште еднаш во писмена форма да добие одговор на пратеничкото прашање.
Затуровска збунето зборуаше на седницата, а во рацете го држеше одговорот на прашањето кој, како што рече, штотуку го добила.
– Одговорот на тоа прашање сега го добив и затоа сум збунета и не можам да се изначудам на првата реченица која што ја прочитав, а која гласи: „Ви благодарам на поставеното прашање, иако искрено жалам за несериозноста и тендециозноста на прашањето во кое неодговорно искажувате невистини и објаснувања, кои сигурен сум дека не би ги повториле надвор од собраниската говорница со иста леснотија“ – го прочита Затуроска пред праениците одговорот на пратеничкото прашање.