Шпанска новинарка се расплака по напад за време на пренос во живо (ВИДЕО)

Односот на лицата кон новинарката предизвика бројни реакции, а шпански политичари исто така го осудија ваквото однесување.

658
ФОТО: Телесинко / Метро

Новинарка се расплака откако беше нападната во Барселона на марш во врска со годишнина од референдумот за независност на Каталонија, пренесува „Метро“.

Лајла Хименез од шпанската телевизија Телесинко синоќа зборуваше пред камера кога ја удрија по главата со Ред Бул фрлен од демонстрант.

Потоа таа беше турната од каталонските сепаратисти, а некои и викаа кон неа.

Додека поединци довикуваа да си замине оттаму, други беа љубезни и се обидоа да ја заштитат. Едно лице дури ѝ понуди и марамчиња за да се избрише.

Според сајтот „Ел Паис“, некои сметале дека присуството на репортерката е „провоокација“, но други ја заштитувале Лајла.

Хименез ја смени локација и продолжи да известува. Сепак, таа потоа го опишала инцидентот како „омаловажувачки“, според Информативос Телесинко.

Односот на лицата кон новинарката предизвика бројни реакции, а шпански политичари исто така го осудија ваквото однесување.

– Да се прави ова на женско со микрофон на улица е одвратно – рече портпаролот на Републиканската партија на Каталонија, Габриел Руфиан.

ФОТО: Телесинко / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...