Силјановска, Дурловски, Тараско, Кедев, дел од тимот стратешки соработници на Мицкоски

1260

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени дека формирал тим од стратешки соработници, домашни и странски, кои ќе му помогнат во, како што рече, обновата на Македонија. Тимот е составен од професори, доктори по наука, експерти и аналитичари образовани на престижни меѓународни универзитети. Тимот е составен од надпартиски личности кои вчера ја добилe поддршката од Извршниот комитет на партијата. Мицкоски најави дека тимот на стратешки соработници ќе се проширува.

Во тимот стратешки соработници се: професорката Гордана Силјановска, стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем, Сашко Кедев, медицина и здравствени политики, Владимир Дуковски, професор во пензија, стратешки соработник за образование.

Стратешки соработник за економија е Хозе Тараско вонреден професор во Мадрид, Шпанија, Игор Дурловски е стратешки сорабоитник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија, е стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми, а Јанко Баждавела од Њујорк за напредни технологии.

За прашања од областа на спортот стратешки соработник е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Акан Махмут од областа на туризмот, косопственик на ЕРАК групацијата.

За прашања на трудово парво и социјална политика избран е вонредниот професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков, професор на Машински факултет. За интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски. За бизнис и организациски стратегии – професорот Гоце Андревски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.

– Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент на општеството – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Македонија живее тешко секојдневие. Народот живее сиромашно во систем кој не функционира.

– Животот во Македонија е полн со неправди и несигурност. Изминува речиси третата година, но сепак не е подобро. Но затоа криминалот и корупцијата се секаде околу нас. Не сретнав човек без проблеми. Народот не верува во мантрата дека ќе ни биде подобро. Народот е сѐ помалку трпелив. Целта на владата не е да ги решава проблемите туку како да украдат денар повеќе. Македонија не само што ги губи деновите во чекање, туку ја губи и иднината. Затоа излеговме меѓу народот и за една недела повеќе од 10.000 граѓани кажаа што ги тишти. ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку ќе понудиме решенија за проблемите. За таа цел потребна е мобилизација на целокупниот потенцијал со кој располагаме бидејќи на Македонија ѝ треба обнова – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...