Ејуп Алими побара Владата итно да најде чаре за учениците во Гази Баба

83

Пратениците на барање на координаторот на ДУИ Ејуп Алими заминаа на едночасовна пауза, по што според очекувањата на пратеникот од партијата на Али Ахмети, треба да се вратат со предлог решение на проблемот во Гази Баба, каде што учениците се уште се на улица, иако учебната година почна пред еден месец.

Тој се обрати до членовите на Владата на денешната седница за пратенички прашања и побара итно решение на проблемот.

Владата вчера донесе одлука според која Општината Гази Баба треба да ги преземе сите активности и да достави барање до Министерството за образование и наука за изградба на училиште во Идризово. Потребно е да се обезбеди соодветна парцела, според потребите за бројот на ученици, елаборат за енергетска ефикасност, геодетски елаборат со нумерички податоци за градежната парцела и позитивен извештај за основниот проект.

Владата вчера го задолжи Министерството за образование и наука по добивање на документацијата од заклучокот да започне постапка за изградба на ново училиште, а додека не се случи тоа ѝ препорача на Општина Гази Баба да се води од „принципите што произлегуваат од концептотот едно општество за сите и од заложбите за интегрирано образование, во договор со родителите на учениците, да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...