Кобајаги нема да го реализираме изборно ветување заради ДУИ?, почна со одговорот премиерот Зоран Заев на прашање дека СДСМ нема да го реализира ветувањето за промена на изборниот модел во една изборна единица, бидејќи ДУИ е против.
– Не.Партиите испорачаа свои ветувања кои се соствен дел од програмата на владата. Традицијата кажува дека за менување на изборни модели се градела со консензус за да може сите да учествуваат. Многу е важно влијанието на малите партии. Може да седнеме големите и да договориме нешто, но тоа не е добро. СДСМ е за модели кои ќе ја унапредат демократијата, затоа сме за една избор единица и може да размислиме за отворени листи. Со една изборна единица не се губат гласовите. Една изборна единица со 120 имиња на листата и отворени листи никаде не се спроведува. Или една изборна единица или отворени листи. Ги охрабрувам партиите да направиме чењкор кон демократизација на општеството – рече Заев.