Таа го уби брат му, а тој ја прегрна и ѝ рече „не ти посакувам ништо лошо“ (ВИДЕО)

Обвинетата сметала дека тој е крадец, па пукала во него. Ботам јадел сладолед кога бил убиен.

1492
ФОТО: Принтскрин

Триесет и едногодишната полицајка Амбер Гујгер која го уби нејзиниот невооружен сосед, беше прегрната од судијката и братот на жртвата, по добиената казна затвор од 10 години, пренесува „Метро“.

Според зборовите на Гујгер, таа мислела дека некој странец влегол во нејзиниот стан, а всушност таа влегла во неговиот, мислејќи дека е во сопствениот.

Осумнаесетгодишниот брат на жртвата, Брант ја праша судијката дали може да ја прегрне.

– Те сакам како личност. Не ти посакувам ништо лошо – кажал Брант.

Судијката Тами Кемп ја прегрна прво мајката на осудената, а потоа со библија и неа, пред да ја испрати на одржување на казната.

Немилиот настан кој се случи лани во септември предизвика реакции во врска со пукање врз невооружени црни мажи од бели полицајци. Гујгер беше уапсена три дена по пукањето, а потоа и отпуштена.

Таа можеше да добие доживотен затвор, а обвинителите побараа 28 години – колку што требаше да има Ботам ако беше жив.

Поединци ја нарекоа недолична постапката на судијката да ја прегрне обвинетата, додека луѓе верни на црквата аплаудираа на видеото.

Демонстратори маршираа против казната на обвинетата, што резултираше со едно лице уапсено.

Градоначалникот на Далас, Ерик Џонсон кажа дека „никогаш нема да ги заборави љубовта, вербата и силата на Ботам, Брант и семејството“.

Ако Гујгер „не беше учена да пука во срцето, тој ќе беше жив денеска“, смета мајката на жртвата.

– Тој не беше закана за неа. Немаше никаква причина за закана, оти тој си беше во својот стан – додаде мајката, Алисон Џин.

Обвинетата сметала дека тој е крадец, па пукала во него. Ботам јадел сладолед кога бил убиен.

Обвинителите прашаа како е можно таа да не забележала дека не е во нејзиниот стан, кога наоколу имало толку знаци за тоа. Тие прашаа и зошто таа не повикала колеги и сугестираа дека била занесена испраќајќи си сексуално експлицитни пораки на мобилен со нејзин колега, кој ѝ бил и љубовник.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...