Таравари предлага Градската куќа да стане институција за деца со посебни потреби

598

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на Фејсбук излезез со предлог Градската куќа да стане специјална институција за третман на деца со посебни потреби. Предлогот на Таравари доаѓа откако градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека Градската куќа ќе ја стави на продажба, бидејќи е мала за да ја собере градкста администрација.

– Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за оснивање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби!
Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија граѓани!
Претендираме за ЕУ, ваква институција и недостасува на СРМ, пишува Таравари на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...