Ја продала невиноста за 1,3 милиони фунти на моќен политичар ВИДЕО

Лиа прво се забавувала со богаташот околу два месеци, а тој месечно ѝ давал „џепарлак“ од 17.700 фунти.

467

Младата Британка, Лиа (24), која тврди дека заработила 1,3 милиони фунти преку продажбата на својата невиност на пратеник на 50-годишна возраст, вели дека планира да ги искористи парите за покренување своја кариера.

Таа верува дека можноста за продажбата на својот прв сексуален однос е „важен чекор кон нејзината еманципација“.

Како што наведува, Лиа прво се забавувала со богаташот околу два месеци, а тој месечно ѝ давал „џепарлак“ од 17.700 фунти.

Потоа, политичарот одлучил да стапи со Лиа во сексуален однос, но преку агенцијата „Sinderela eskorts“ која им нуди на девојките да ја продаваат својата невиност на најдобриот понудувач, секако, со дискреција.

Во видеото Лиа објаснила дека се одлучила на овој чекор за да ја покрене својата кариера во областа на продажбата на недвижности.

– Веќе одам на предавања и семинари – рекла и додала дека сака да се пресели поблиску до Лондон, да живее „во посигурен кварт“ и да нема „финансиски стресови поради изнајмување на станот“.

– Би сакала да започнам кариера во својата бранша, што навистина би изгледало супер, бидејќи главно работам како фриленсер и многу е лошо кога немате финансиска корист – објаснила таа.

Лиа рекла дека во моментот живее со својата мајка која знае за нејзините планови и ја поддржува. Тие имаат добар однос и таа разбира дека повеќето жени на крајот ќе ги остават мажите со кои првпат биле заедно и ќе се разочарат. Помалку болно е да добиете пари отколку скршено срце.

Девојката рекла дека мажот со кого се согласила да има сексуален однос е „господин и многу образован, со исклучително влијателни контакти во Лондон“.

– Возбудливо е да запознаете маж со таква моќ. Тоа нема да го најдете на мои години. Ме импресионира дека дури има и свој возач и обезбедување. А, мене такво момче ме интересира, тоа ми годи и претпоставувам дека тој ќе биде нежен кон мене – рекла Лиа.

Таа додала дека јасно ставила до знаење дека првиот пат сака само нормален сексуален однос, иако наведениот „господин“ има фетиш на стапала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...