Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 7.44 часот по локално време на грчко –турската граница во Егејското море, jави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос.
Засега нема информации за повредени лица или материјална штета од силниот земјотрес.