Филипче: Малите аптеки нема да страдаат, ќе има доволно лекови и во подалечните места

40

Со укинувањето на квотите на рецепт, граѓаните повеќе нема да треба да создаваат домашни аптеки, затоа што ќе имаат достапни лекови во секое време. Малите аптеки нема да страдаат, а ќе има доволна количина на лекови и за луѓето кои живеат во малите, поодалечени места каде што има само мали аптеки коишто не се дел од големите ланци на аптеки.

Министерот за здравствo, Венко Филипче, во дебатна емисија „Економски магазин“ на Алсат-М телевизија посочи дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт граѓаните ќе имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување.

– Достапни ќе бидат сите лекови од позитивната листа на лекови за коишто матичниот лекар ќе препише рецепт во кој било ден од месецот. Го решаваме повеќе деценискиот проблем. Спремни сме да ги пресретнеме сите предизвици и затоа се воведува контрола во издавањето на лековите. Граѓаните ќе можат да ги подигнуваат лековите со лична карта за кој било член од семејството или за кој било што го подигнува лекот, истакна министерот Филипче.

Филипче потенцира дека во периодот што следува резултатите од мерката директно ќе ги почувствуваат граѓаните, а дополнително ќе се зајакне системот и со воведување на нови лекови, ревизија на позитивната листа, начинот на препишување на лекови, електронскиот систем…

Во однос на нападите врз докторите, министерот Филипче го осуди секое насилство врз кој било здравствен работник и дека се прават анализи на буџетите на јавно-здравствените установи за физичко обезбедување.

Министерот Филипче рече дека преземени се сет на мерки коишто ќе ги стимулираат младите лекари да останат и да работат во државата. Со мерката и јавниот повик за шест месечен платен стаж во висина од просечна плата на општ лекар, лекарите ќе го стекнат неопходното искуство за работа со пациенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...