Историја постара од 18 век нема да има во шведските учебници

Овој чекор го осудија професори по историја, а некои тврдат дека ако сето ова се реализира, Швеѓаните ќе бидат посрамени.

533

Историја постара од 18 век нема да има во шведските учебници, ами младите ќе учат за холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и периодот од крајот на 20 век.

Од шведскиот Одбор за образование најавија дека во учебниците ќе го нема стар Рим, древна Грција, ниту големото шведско царство. Во план е да се посвети повеќе време на родовите прашања, климатските промени и миграцијата.

Младите од 13 до 15 години веќе нема да учат за историја која датира од пред 1700 година.

Овој чекор го осудија професори по историја, а некои тврдат дека ако сето ова се реализира, Швеѓаните ќе бидат посрамени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...