Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски се предложени за нови членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на седницата се расправало за „општествено економската стагнација низ која поминува Република Македонија под водство на неспособната влада на СДСМ“.
На вчерашната седница на ИК е избран и нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а се донесени и неколку кадровски решенија.