Реал Мадрид под водство на Зинедин Зидан не ги остварува посакуваните резултати во Лигата на шампионите, па веќе се шпекулира дека претседателот Флорентино Перез е решен да го врати Жозе Мурињо.
Против Португалецот се многу играчи, и директори во клубот, но Перез бил упорен во намерата да го донесе Мурињо кој во моментов нема клуб. Мурињо бил човекот кој може да ги вклопи новите засилувања и да воспостави дисциплина.
Сепак, пред да го донесе Мурињо, Перез ќе мора да се ослободи од капитенот Серхио Рамос, и никако да не го ангажира Пол Погба. Зидан инсистираше на доведување на Погба и никој друг, а Перез одбил да плати за Погба, бидејќи во долгорочните планови, Зидан нема да биде тренер, туку Мурињо на кого следното лето би му го донел Килијан Мбапе.