Српскиот актер Горан Јевтиќ (41) ќе помине 10 месеци зад решетки поради обвинението дека сторил недозволени полови дејствија над малолетникот Л. К, пишува српски „Блиц“.
Со одлука на судот, казната на Јевтиќ се преиначила, така што нема да ја служи во својот стан, туку ќе мора во затвор.
Да потсетиме, на Јевтиќ со првостепена пресуда му била изречена казна домашен притвор во траење од 10 месеци.
Актерот бил обвинет дека во август 2014 година обљубил 16-годишно момче така што го принудил на орален секс во тоалетот на Народниот театар во Сомбор.
Инцидентот се случил во текот на журката одржана во вечерните часови, по манифестацијата Театарски маратон. Истрагата против актерот бил покрената наредната година, откако случајот во полиција го пријавиле родителите на момчето.
Јевтиќ ги негираше овие наводи, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.