За време на снимањето на сцените од бркотници низ шума, српскиот актер Никола Којо се лизнал и со лицето паднал на веќе соборено дрво на земја. Веднаш бил превезен во Загрепската болница за да му се направи преглед на главата.
Којо рекол дека се чувствува добро.
– Чекам да ме прегледаат лекарите. Мислам дека не е ништо страшно. Докторот ќе ми каже сè – рекол Којо.
Кога завршил на земја, целата екипа скокнала да му помогне и веднаш го однеле во болница, пренесува српски „Блиц“.
„Сè течеше како што треба. Којо е голем професионалец, меѓутоа за време на бркотниците не го виде собореното дрво, падна и се повреди.“