Принц Хари бесен: Ја изгубив мојата мајка и сега гледам како ја малтретираат Меган

Принцот Хари во јавното соопштение ги објасни причините поради покренува судска постапка против популарниот таблоид.

947

Принцот Хари и Меган Маркл покренаа судска постапка против „Мејл он сандеј“ поради објавувањето на приватното писмо на Меган Маркл кое му го испратила на татко ѝ со кого не е во добри односи.

Принцот Хари во јавното соопштение ги објасни причините поради покренува судска постапка против популарниот таблоид. Како што објаснил, во прашање е „многу болна“ и „бескруполозна“ пропаганда против неговата сопруга. Тој смета декае е во прашање линчување на Меган Маркл и формирање слика во јавноста за луѓето да не је сакаат.

Адвокатската канцеларија „Шилингс“ соопшти дека објавата на писмото е „кампања на медиумската групација да објави лажни и штетни приказни за неа и нејзиниот сопруг“, додека пак портпаролот на „Мејл он сандеј“ не беше достапен за коментар.

Принцот Хари во образложувањето за поднесувањето на тужбата изјави дека неговата сопруга „станала жртва на британските таблоиди кои водат кампања против поединци, не размислувајќи за последиците“.

Хари се присети на својата мајка, истакнувајќи дека бил сведок на тоа што се случува кога луѓето кои ги сака стануваат жртви и луѓето околу нив веќе не ги гледаат како нормални луѓе.

– Ја изгубив мојата мајка и сега гледам дека и мојата сопруга станува жртва на некои моќни сили – изјави принцот Хари.

„Мејл он сандеј“ веќе неколкупати во минатото објави приказни во кои таткото на Меган, Томас Маркл, го претставија на грд начин и го искористија за да ги објават семејните тајни и проблематичниот однос помеѓу него и ќерката.

Кралското семејство планира парите што ќе ги добијат во судскиот спор да ги инвестираат во кампањата против интернет насилството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...