Адел во врска со поранешното момче на Наоми Кемпбел ФОТО

Скепта го поврзуваа со светскиот топ-модел Наоми Кемпбел, а најпозната е нивната насловна страница на магазинот „Џи Кју“, на која позираат полуголи.

370

Британската пејачка Адел (31) во април се разведе од својот сопруг, Сајмон Конецки, а сега ужива во љубовта со раперот од Тотенхем, Скепта (37). Тие двајца шетаат низ Лондон не криејќи ја својата љубов.

– Адел и Скепта многу време поминувале заедно откако им се распаднале љубовните врски. Во меѓувреме се поврзале еден со друг и делат многу заеднички интереси. Сè повеќе време поминуваат заедно и сите пријатели претпоставуваат дека ќе бидат одличен пар – рекол анонимен извор за британски „Сан“.

Нивното пријателство трае долго па така Скепта во 2016 година изјавил: „Адел постојано ми праќа пораки и ме известува за сè“.

Потоа Адел објавила негова фотографија на својот Инстаграм-профил со коментар „Момчето од Тотенхем“ и додала емотикон срце. На тоа Скепта одговорил со „Те сакам“.

Инаку, Скепта го поврзуваа со светскиот топ-модел Наоми Кемпбел (49), а најпозната е нивната насловна страница на магазинот „Џи Кју“, на која позираат полуголи.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...