Ѕвездата на „Беверли Хилс“ прошета во мрежа и минијатурно бикини ФОТО

Актерката облекла необични мрежасти тренерки, за да не шета по улицата само во костим за капење.

1300

Американската актерка Тори Спелинг (46) одморала покрај базенот недалеку од својот дом во Лос Анџелес, додека нејзиниот сопруг, актерот Дин МекДермот (52) ги чувал нивните деца.

Актерката облекла необични мрежасти тренерки, за да не шета по улицата само во костим за капење. Меѓутоа, и во тоа ѝ било премногу топло па во еден момент го соблекла горниот дел и продолжила да чекори во мрежастите панталони. Овој стајлинг го надополнила со чевли со полна пета.

– Мило ми е што се врати модата од 90-те. Тоа ми е најомилениот моден период затоа што бевме толку многу слободни во врска со боите и облиците на алишта. Сè беше некако необично супер – изјавила Тори, инаку голема љубителка на модата.

Актерката е родена со златна лажица во устата благодарение на познатиот татко Арон Спелинг, и самата беше голема ѕвезда на некогашната хит серија „Беверли хилс 90210“, а и во нејзината книга „Story Telling“ во 2008 година беше во најтесниот избор за најпродавана книга на „Њујорк тајмс“.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...