Ќерката на Синди Крафорд ги покажа голите гради во проѕирна блуза ВИДЕО

Иако соработувала со веќе неколку големи дизајнерски куќи, нејзината прошетка по пистата на ревијата на Валентино во Париз привлече најмногу внимание досега.

1855

Каја Гербер (18), ќерката на поранешниот топ модел Синди Крафорд (53), својата слава може да ѝ ја заблагодари во добар дел на својата мајка. Последните години стана едно од најбараните лица во модната индустрија, а многумина велат дека изгледа како нејзината мајка во младоста.

Иако соработувала со веќе неколку големи дизајнерски куќи, нејзината прошетка по пистата на ревијата на Валентино во Париз привлече најмногу внимание досега. Каја прошетала по пистата пред стотици посетители во проѕирна црна кошула која ѝ ги открила градите.

Младата манекенка неодамна го прослави родендеот па по примерот на својата мајка на роденденската прослава облекла кожен фустан на Версаче кој многумина ги потсетил на едно од најлегендарните изданија на нејзината мајка. Синди ја носи титулата на една од најубавите жени на сите времиња, а во 90-тите години беше најбараната манекенка во светот на модата. Носеше ревии на најголемите дизајнери и брендови, а нејзината ќерка тргна по истиот пат па така за својот 18. роденден беше на насловната страница на британскиот „Вог“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...