Апелацискиот суд во Скопје одлучи ексшефицата на СЈО, Катица Јанева да остане во притвор за случајот „Рекет“.
Второстепениот суд не ги прифати жалбите на нејзините адвокати. Како причина е опасноста за бегство.
Другите две причини повторување на делото и влијание на сведоци, отпаднаа откако Јанева беше разрешена од функцијата, а истрагата се затвори.
Покрај Јанева, во притвор е и првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второосомничениот Зоран Милески – Кичеец излезе од Шутка и заврши во домашен притвор.