Санта мраз, колку едно гратче, се одвои од Антарктикот (ВИДЕО)

185
ФОТО: МИА

Санта мраз со маса од 315 милијарди тони вчера се одвои големата ледена плоча Амери на Антарктикот.  Но, се чини, тоа не е поврзано со климатските промени, пренесува „Гардијан“.

Површината на сантата наречена Д-28 изнесува 1,5 квадратни километри. Стручните лица предупредуваат дека ледениот блок мора да се следи, оти може да претставува опасност за пловидба.

Од Амери од раните 1960-ти не се одвоила олку голема санта мраз. Тогаш плочата имала површина од околу 9.000 квадратни километри. Амери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и клучен одводен канал за источниот дел од континентот.

Одвојувањето на санти е природен процес со кој ледените плочи одржуваат рамнотежа, оти така се балансираат наносите снег. Професорката Хелен Фрикер од Институтот за океанографија Скрипс, истакнува дека овој случај не е поврзан со климатските промени.

– Иако има многу причини за загриженост за Антарктикот, за оваа ледена плоча засега не треба да се вклучува тревога, рече проф. Фрикер.

Се проценува дека Д-28 е дебела 210 метри. Струите и ветровите ќе ја насочат на запад и, ако што проценуваат стручните лица, веројатно ќе треба да минат години до нејзиното целосно топење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...