Каков имот пријавила Ангеловска кај антикорупционерите?

Пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012 година, банкарски депозит од над 350.000 евра. и недвижен имот вреден над 4 милиони денари.

5496

Акции, недвижен имот и депозити во банки пријавила министерката за финансии Нина Ангеловска.

Антикорупциската комисија го објави нејзиниот имотниот лист според кој Ангеловска поседува две канцеларии со вкупна површина од 16 квадратни метри со вредност од  околу 4 милиони денари.

Таа пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012 година како и банкарски депозит од над 350.000 евра. Парите се депонирани во две банки. Во „Еуростандард банка“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит од 2017. Во УНИ банка, пак, има девизен депозит од 33 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...