Оперската легенда и една од најпознатите сопранистки на 20. век Американката Џеси Норман почина на 74 години.
Нејзиното семејство соопшти дека Норман починала во болница во Њујорк, поради сепса и откажување на повеќе органи, компликации кои беа поврзани со повредата на ‘рбетниот столб во 2015.
Норман во 1962 година дебитира во операта во Филаделфија, а следната година ја освојува и славната опера „Метрополитен“. Во средината на 80-тите беше меѓу најбараните сопранистки во светот.
Норман пееше на втората ингурација за американските претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон, на отварањето на Летните олимписки игри во 1996 година, како и на Меморијалот за жртвите од нападите на 11 септември, во 2002 година.
Има освоено четири Греми награди, Греми за животно дело, како и признание од центарот „Кенеди“.
Оперската дива во 2008 го отвори најголемиот македонски фестивал Охридско лето. Концертот беше насловен „Од Америка со љубов“ со дела од Бернштајн, Гершвин, Вилјамс, Њутн, Кер, а ја придружуваа музичари од Филхармонијата и од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ).