Скендер Бузаку денеска пред седиштето на ИВЗ му постави ултиматум на реисот Сулејман Реџепи за 72 часа да ја напушти ИВЗ во спротивно ќе објави докази за криминал, јави 21ТВ.
– Ослободија ИВЗ за 72 часа, ако не даде оставка и не се повлече од ИВЗ ние имаме страшни докази, страшни факти за кои ќе се чуди Македонија и нашата држава. Доколку не се почитува овој ултиматум, ние ќе ги објавиме – изјави Бузаку.
Според него, ИВЗ е узурпирана од реисот.
– Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи од 2011 година правно, а од април годинава и реално. Имаме две пораки: ги повикуваме сите професори, теолози кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи и избркани од ИВЗ во иднина сите тие ќе бидат вклучени во ИВЗ. Другите што се внатре, а немаат криминал, даваме збор дека нема никој да го изгуби работното место. Само ќе ги унапредиме – порача Бузаку.