Шулц: Не сум сигурен како ќе завршат тактичките игри и каква одлука ќе донесе ЕУ

Шулц рече дека ЕУ треба да ја следи храброста на решавење на проблемите каква што покажаа Зоран Заев и Алексис Ципрас.

762

Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент  и актуелен претседател на Социјалдемократската партија на Германија, рече дека не може да биде сигурен што ќе одлучи ЕУ за почеток на преговори на земјава и Албанија бидејќи не е сигурен како ќе завршат тактичките игри на ЕУ лидерите.

– Не можам да знам што ќе се случи. Не сме сигурни што ќе кажат холанскиот парламент и парламентите во другите држави. Во Германија можам да влијаам на одлуката, но не е сигурно дали новата влада во Виена ќе има согласност за ова. Моето искуство со ЕУ е да сите знаеме дека ни трееба напредок., но институциите се несигурни за самата Европска унија. На изборите во Франција и Италија победија силите кои се против Европската унија. Ле Пен не го сака еврото. Истото се случува и со Италија која не сака другите да ѝ се мешаат во одлуките – рече Шулц.

Тој рече дека ЕУ треба да ја следи храброста на решавење на проблемите каква што покажаа Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Сакам да повлечам паралела на посветеноста на овие двајца лидери и нивната отпорност кон тактичките игри во ЕУ – рече Шулц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...