Договорот од Преспа покажува дека Северна Македонија е еден кредибилен партнер за Европската унија (ЕУ) и таа треба да одобри датум. Мора да прекине со својата национална интровертност, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас кој го моментов се наоѓа во Скопје и заедно со Зоран Заев е еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан, во организација на весникот „Економист“.
Најголем ден од времето поминато на говорница Ципрас го потсети токму на решавањето на спорот за името чиј договор рече ја потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност.
Доволно народот страдаше заради конфликтите од минатото, рече Ципрас, испраќајки порака дека датумот од ЕУ ќе биде важна порака и за власта и за граѓаните. Датумот, според него, ќе ги затвори сите можности за нови војни и конфликти на територијата на поранешна Југославија.
– Никогаш не смееме да заборавиме дека овој Договор е склучен затоа што имавме среќна коинциденција да имаме прогресивни влади и во Северна Македонија и во Грција – потсети Ципрас.
Тој рече дека Доворот денес овозможува да се оди напред, да се развиваат билатералните односи и да се напредува, но и потсети дека сѐ уште има незатворени прашања од Договор.
– Се разбира има прашања кои се сѐ уште на чекање, особено отстранувањето на грчките симболи и договорот околу менувањето на учебниците. Но, очекуваме напредок и во овој правец. Сите знаеме дека најважниот чекор е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници, нашите народи многу бргу ќе почнат да ги гледаат придобивките. Да не ги заборавиме сите форми на соработка кои овој договор ги овозможува, тоа значи соработка во економијата, туризмот и одбраната – рече Ципрас најавувајќи дека наскоро во одбраната ќе потпишеме договор за чување во воздушниот простор над нашата држава од страна на Грција.
Ципрас зборуваше за периодот од пред Договорот, кога Балканот бил симбол за конфликти, потсети на етничките нетрпеливости на во Македонија, Црна Гора, Албанија, но и на кризите во ЕУ од 2014 до 2017 година со економијата, со Брегзит, бегалската криза, период кога ЕУ била свртена самата кон себе.
– Моравме да најдеме решение – рече Ципрас и ги посочи неговите средби со лидерите на Бугарија, Србија и Романија, како и средбата во Давос со премиерот Зоран Заев.
– Со Зоран се сретнавме во Давос и се договоривме да не ја загубиме оваа шанса. Договорот од Преспа е позитивен сигнал и значи позитивна промена и за регионот и за Европа, ја симболизира победата на дипломатијата и на соработката, победа врз силите на национализмот – рече Ципрас.