Брук Шилдс разочарана: Ќерките ме праќаат на естетски корекции

Брук активно тренира и води сметка за својот изглед, а во текот на кариерата - како актерската, така и манекенската - красеше бројни насловни страници.

1965

Актерката Брук Шилдс (54), во емисијата кај Енди Коен открила дека нејзините малолетни ќерки ја шокирале кога ѝ предложиле естетска корекција, бидејќи годините си го прават своето.

– Девојките сериозно ме советуваа дека морам нешто да направам со своето лице, некоја малку поголема корекција. Не можев да поверувам кога го слушнав тоа! Па, јас сум икона, многу непријатно ме изненади – била разочарана актерката.

Брук активно тренира и води сметка за својот изглед, а во текот на кариерата – како актерската, така и манекенската – красеше бројни насловни страници.

Познато е дека помеѓу холивудските актерки одамна владее трендот на подложување на естетски корекции за да го задржат младешкиот изглед, а Брук признала дека сè уште не се подложила бидејќи, помеѓу останатото, многу се плаши од нож.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...