Приведени се двајцата синови на убиениот кочанец

6511

По семејна расправија утрово во Кочани убиен беше 55-годишниот В.С., а неговата 46-годишна сопруга е во болница поради повредите кои ги добила.

Во 05.20 часот во СВР Штип, нивниот син Д.С.(30), пријавил дека во семејниот дом во Кочани неговиот татко со остар предмет ја нападнал неговата мајка, која се здобила со повреди.

Попладнево МВР соопшти дека во врска со убиството, приведени се Д.С. (30) и А.С. (25), синови на В.С, кој почина откако бил прободен во градите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...