Британскиот премиер Борис Џонсон телефонски ја контактирал кралицата Елизабета Втора и и се извинли што ја посрамотил, веднаш откако Врховниот суд донесе пресуда дека суспензијата на парламентот на негово барање е противуставна, откриваат денеска британските медиуми. Канцеларијата на Џонсон само потврди дека имало телефонски разговор.
Извор од канцеларијата на Џонсон рече дека премиерот ја повикал кралицата веднаш штом бил во можност за да и каже колку му е жал, објави „Сандеј Тајмс“. Пресудата на Врховниот суд наводно, ги влошила односите меѓу Кралската палата и Даунинг стрит 10.
– Кралското семејство, и тоа највисокото ниво на семејството, не е импресионирано од она што се случува – рекол извор од палатата.
Медиумите наведуваат дека на Џонсон сега не му веруваат во кралската палата во иста мера како што не му веруваат и на поранешниот премиер Дејвид Камерон, чии мемоари објавени минатата недела, исто така предизвика незадоволство кај Бакингемската палата.
Камерон во својата автобиографија откри дека во 2014 година контактирал со претставниците на палатата и предложил кралицата да реагира за време на кампањата за референдумот, откако се испаничил од прогнозите дека повеќето гласачи ќе гласаат за Брегзит, објави „Дејли мејл“.
Претставниците на палатата ги критикуваа наодите, истакнувајќи дека протекувањето доверливи информации може да наштети на односите меѓу двете страни.
Извор на Би-Би-Си изјави дека не е во ничиј интерес конверзацијата меѓу премиерот и кралицата да биде јавна и дека поради тоа е тешко да напредуваат односите.
– Тешко е да се каже на кого повеќе се лути кралското семејство – на Џонсон или Камерон – изјави извор за „Сандеј тајмс“.
Портпаролот на кабинетот на Џонсон потврди дека премиерот разговарал со кралицата по одлуката на Врховниот суд, но кажа дали тој се извинил.
Кон крајот на август британската кралица Елизабета Втора го одобри барањето на Владата да го суспендира Парламентот. Џонсон побара од кралицата да ги сопре парламентарните дебати во септември се до 14 октомври, но подоцна Врховниот суд одлучи дека прерогацијата била незаконска.
Фото: EPA/VICTORIA JONES / POOL