Позитивната листа лекови ќе се подновува според црногорски рецепт

По усвојување на законот, ќе се направи ревизија, ослободување од стари и воведување на нови лекови. Во болничките услови веќе се купуваат лекови коишто се нови, токму поради одлуката за централизирана набавка на повеќе од 30 нови лекови, потврди Филипче.

144

За тоа кога нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа што е на товар на Фондот за здравство, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на пресот во Владата појасни:

– Централизирана комисија што ќе работи на ревидирање на позитивната листа на лекови, ќе решава според новиот закон, што е во собраниска процедура и којшто  треба да помине пред пратениците. Постигната е координација, па и ќе се смени позитивната листа, што значи се намалува бројот на комисиите, по препорака на Светската банка. По усвојување на законот, ќе се направи ревизија, ослободување од стари и воведување на нови лекови. Во болничките услови веќе се купуваат лекови коишто се нови, токму поради одлуката за централизирана набавка на повеќе од 30 нови лекови, потврди Филипче.

За кроењето на новата позитивна листа, на која досега работеа дури 14 комисии што беа формирани од претходната Влада, дел од решенијата се од моделот што се применува во Црна Гора.

Во врска со најавата за можно воведување на моделот јавно приватно партнерство и во Итната помош, Филипче во следниот месец најавува нова дискусија за развој на секторот за имплементирање ЈПП за брзата помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...