„Уличните моцарти“ во Виена ќе мора да имаат дозвола

Се работи за регулирање на незаконската продажба на билети за концерти на класична музика, што последниве години зема сѐ поголем замав. Класичната музика е заштитен знак на главниот град на Австрија.

110

Уличните продавачи на карти за концерти во Виена, кои се облекуваат како славниот австриски композитор Волфганг Амадеус Моцарт, отсега ќе мора да поседуваат дозвола за работа.

Се работи за регулирање на незаконската продажба на билети за концерти на класична музика, што последниве години зема сѐ поголем замав. Класичната музика е заштитен знак на главниот град на Австрија.

На секое пофреквентно место во Виена може да се сретнат луѓе со карти, облечени во барокни костими, со бели перики со опавчиња, кадифени јакни и старински чевли, само за да личат на Моцарт (1756 – 1791). Повеќето од тие „диви продавачи“ работат за организаторите на концерти помали од оние кои се одржуваат во големите виенски музички институции и сали.

Туристите често и се жалат на лошиот квалитет на концертите за коишто билетите ги купиле на улица.

Покрај дозволата за работа, тие „моцарти” ќе мораат својата дејност да ја вршат исклучиво на места предвидени за тоа, кои дополнително ќе се утврдат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...