Заев го објасни Верушевски: Модификацијата на „бомбите“ се однесува за „Рекет“ и Ел Чека

1423

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата одговараше и на прашања поврзани со сведочењето на неговиот советник Зоран Верушевски во случајот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“.

„Премиере од каде знаете што ќе изјави господинот Верушевски на следното рочиште за ‘Таргет-Тврдина’ бидејќи кажавте дека тогаш сите работи ќе бидат многу појасни“, беше прашањето кое го доби Заев.

– Тој е мојот советник за национална безбедност, кога и вие прочитавте за неговиот исказ прочитав и јас, јас сум во комуникација со сите мои советници, така и со господинот Верушевски и затоа реков дека на второто рочиште веројатно со очекуваните прашање ќе бидат појасни неговите ставови по однос на некои прашања. Мене ми е јасно, тој мене ми објасни, јас сум дел од тој период на случувањата на работите. Секако точно е дека материјалите се предадени на господинот Верушевски, како што велат Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие правно формално се предадени на СДСМ, а ги прима Зоран Верушевски. Но истовремено, разочараноста од тоа што некој го злоупотребувал СЈО во делот на случајот „Рекет“, се појавил Ел Чека, се појавило не знам што, го укажува делот на модифицираноста или компромитираноста на самите материјали – одговори Заев.

Тој рече дека ниту еден од обвинетите во случаите не ги оспорувал ниту материјалите ниту нивната автентичност која ја потврдува и форензиката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...