Регионална средба за Пекингшка декларација, голем напредок за родовата еднаквост во Македонија

41

Во овие три години како Влада направивме максимални напори родовото прашање да биде составен дел на сите политики. Она што е важно дека како држава успеавме да ја ратификуваме Истанбулската конвенција. Но, не застанавме тука. Нејзината имплементацијата е висок приоритет. МТСП работи на воспоставување на услуги за заштита од насилство заедно со граѓанските организации и истите ги развиваме на локално ниво, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на отворањето на регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје.

Во 2019 година донесени се нови закони за спречување и заштита од дискриминација и за прекинување на бременоста. Обезбедена е вонституционална заштита преку усвојување на нов сервисен центар за лица кои се жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство.

Со донесувањето на Законот за минимална плата во 2017 година, за прв пат, минималната плата беше изедначена за работниците во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент на вработени се жените.

Од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција Македонија постигна значителен напредок во развојот и имплементацијата на агендата за родова еднаквост. За 2020 година планирана е измена на Законот за еднакви можности на жените и мажите како и воспоставување на тренинг центарот за родова еднкавост.

На денешната консултативна средба учествуваат владини претставници одговорни за спроведување на јавните политики за родова еднаквости зајакнување на жените, граѓански организации, претставници од академската сфера и експерти од Западен Балкан и Турција.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...