Меѓу жртвите е и неговата ќерка: Режисерот на „Брзи и бесни“ обвинет за сексуален напад

Коен претходно беше обвинет и од неговата ќерка, Валкири Ветр, која рекла дека ја злоставувал.

987

Режисерот на мегапопуларните филмови „Брзи и бесни“, Роб Коен сексуално напаствувал жена која сакала да остане анонимна, пренесуваат американските медиуми.

Коен ја поканил на деловен состанок во 2015 година на Менхетен за да договорат соработка на една телевизиска емисија.

По вечерата, таа почнала да се чувствува чудно, но одлучила да ја отпрати до барот, бидејќи била возбудена поради можноста за унапредување на кариерата. Таа не се сеќава што се случувало следно, но се сеќава дека се „разбудила со лицето во неговото меѓуножје“.

Адвокатот на режисерот одговорил на нејзините обвиненија со писмо од 13 страни, во кое, меѓу другото, пишува: „Оваа приказна е напишана со желба да се извалка угледот на мојот клиент, изнесени се екстремно навредливи тврдења дека мојот клиент извршил одвратни сексуални злосторства, ова е клевета, казнено дело“, напишал адвокатот.

Коен претходно беше обвинет и од неговата ќерка, Валкири Ветр, која рекла дека ја злоставувал уште додека била дете и дека ја водел ширум светот да ги посетува проститутките кога била тинејџерка. Режисерот Коен ги негира обвинувањата.

 

ФОТО: Јутјуб/Скриншот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...