Познатата хрватска старлета Ава Карабатиќ (31), најави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во Хрватска, и тоа топлес.
Откако таа ги најави своите планови врзани со политиката, во рекордно време собрала повеќе од 1.000 „лајкови“ на својот пост на Инстаграм. Таа добила поддршка од многу обожаватели кои напишале дека ќе гласаат за неа на претстојните претседателски избори.
„Сепак одлучив. Ќе се кандидирам на претседателските избори. Толку пораки и поддршка добивам и ви благодарам за тоа“, напишала Ава. Таа смета дека е жена со став која знае да се избори за себе.
Меѓу другото, Ава додала дека од поодамна, политиката е нејзина втора љубов.- Не можам веќе да гледам како на мојата држава и се случуваат лоши работи. Сите се слепи при здрави очи, младите ни заминуваат, наталитетот паѓа. Знам дека ќе имам многу „хејт“ коментари зашто сум демек „старлета“. Јас сум пред сè професорка по италијански јазик и римска книжевност – открила Ава која исто така глумела во филм, а се пробала и како сликарка.