Рамос ја навредувал мајката на судијата и може да го пропушти дербито со Барселона

104
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, може да биде дисквалификуван четири натпревари поради пријавата на делегатот по средбата од 7. коло од првенството на Шпанија со Атлетико (0:0).

Капитенот на Реал го навредувал арбитерот нарекувајќи ја неговата мајка со непристоен збор.

Евентуалната ваква суспензија за Рамос ќе значи отсуство од средбите со Гранада, Мајорка, Барселона и Леганес.

Реал со 15 бода е на првото место на табелата во Шпанското фудбалско првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...