Уапсен готвач од Сицилија поради дрога, се правдал оти сака да „проба нови вкусови“

265

Готвач од Сицилија е уапсен под сомнение дека продавал дрога, откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом.

Готвачот Кармело Кијарамонте (50) поседувал две големи стебла марихуана и еден килограм индиски коноп. Во неговата куќа во италијанскиот град Катанија, источна Сицилија, беа пронајдени и запленети и вино со вкус на канабис, маслинки, кафе и туна.

Готвачот, наводно, сакал само да „испробува нови вкусови“, стои во полицискиот извештај. А, на неговата интернет-страниица стои дека е добар познавач на вкусот на Медитеранот и дека користи разни „ароматични нијанси“.

Готвачот е пуштен на слобода и го чека судење. Тој, инаку, е специјалист за сицилијанската кујна и работи како готвач во ресторанот на хотелот „Катан палас“ во Катанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...