Faleminderit Gjermania. Во случај Бујар Османи да дојде во инспекција.
***
Статусот на Груевски за невработени и пензионери.
Само тие ќе имаат доволно време да го дочитаат.
***
А членскиве книшки од Меѓународен сојуз треба да ги враќаме негде или за нас ќе останат?!
Сигурно Фросе знае…
***
„Амбасадорот Боцевски се враќа во Македонија од Бразил“.
Честитки до СДСМ за новиот член на партијата.
***
А тој датумот што го добивме кога се враќаа од Брисел Заев, Димитров и Бујар, шо се деси?!
Или во авион го заборајвте?!
***
Некој што продава зарзават на пазарче без дозвола за да заработи 300 денари, да се прехрани – неколку стотици евра казна.
Некој со години гради без дозвола на брегот на езеро заштитено со УНЕСКО и се полни со пари – нема казна, тој е совесен сопственик кој сам решил да ја сруши дивоградбата.
Мамицата!
***
Одложено судењето за “Трезор” затоа што Мијалков повраќал.
Е како бе вака? Нас нѐ дупет 28 години, а тие останвет трудни.
***
„Административците што не си ја вршат својата работа ќе се понудат на приватниот сектор“.
Колку добра идеја. Вака може да ја решиме и гладта во Африка. Само треба да им ја пуштиме расипаната храна со поминат рок.
***
„Директорот на архив заштедил 30 000 евра затоа што одбил ново службено возило и оди со велосипед на работа“.
Добро овој да краде е ставен или да штеди? Дај координирајте се малку!
***
„Кичеец пуштен во домашен притвор.“
Миле спремај се пак. Овие ти прават место.
***
Изгледа Катица падна од кревет во Шутка…
***
Како ѝ се пуштивме на Грета, ко сопственик на Дрисла или Макстил да е…
***
Градоначалнички мандат без Пастрмајлијада со Цеца, ти е ко градоначалнички мандат без Пастрмајлијада со Аца Лукас.
***
Срамота е Бочварски и Спасовски да ја сечет пастрмајлијата при професионалец како Садула Дураку.
***
„Момче ја запроси својата девојка на дното на Охридското Езеро“.
Супер идеја. Ем си ја запросил, ем си собрал санитарија да си го опремиш купатилото.
***
Тука не мораш да нуркаш за да ја запросиш на дното, пошо ние веќе сме на дното.
***
Прав Македонец чека 10 минути дури касиерката искуца сѐ, па после уште 15 минути бара новчаник и картици за попуст и на крај се враќа по купони за тенџере, иако дома има 50 неотпаковани од свадбата пред 20 години.
***
Чувството кога ќе си најдеш 500 евра во есенската гардероба е исто како чувството кога ќе се разбудиш до Моника Белучи.
Непознато.
(Избор ФБ постови на авторот, познат охридски мрчатор)