Стив Џобс: Да ми ја чувате Македонија!

ВМРО и СДСМ се скроз различни. Во време на ВМРО не смееше да го критикуваш ВМРО. За разлика од времето на СДСМ, кога слободно можеш да го критикуваш ВМРО.

4357

Стив Џобс, основачот на „Аpple“, умре во својата 56-та година од животот, како последица од рак на панкреас. Во моментот на неговата смрт во 2011-та година, неговото богатство е проценето на 11 милијарди долари. Ова се неговите последни зборови кои ги остави за светот:
Да ми ја чувате Македонија.

***

Ова е Македонија накратко.
Луѓето уплашени за својата иднина.
Алчни да украдат и заебаат колку шо можат, дури и оние кои имаат повеќе одошто им треба.
Ова е пола нација со прекумерна тежина навлечена на џанк фуд, зато што нема време од трчање по работа да плаќа кредити да јаде.
Лицето на државата која има најголем број на издадени рецепти за апчиња за смирување.
Ова е секоја домаќинка хипнотизирана од дијазепам и ракија која гледа турски серии да избега од реалноста.
Лицето на една држава која е заробена во криминал на политичарите и сопствената морална и духовна пропаст.
Ако треба Македонија да се опише со една слика, тоа е ова. Пропуштени големи шанси за да заврши во беда.

(Фотографија: Роберт Атанасовски)

***

Блазеси му на овој од Грин Деј шо го преспа септември. Кур го боли и за Катица, Боки, Кичеец, датум за преговори, дали Заев знаел англиски…

***

ВМРО и СДСМ се скроз различни. Во време на ВМРО не смееше да го критикуваш ВМРО. За разлика од времето на СДСМ, кога слободно можеш да го критикуваш ВМРО.

***

Државата поубо функционира од ко е цела влада во странство.

***

Сите криминалци повраќаат. Само никако парите да ги повратат.

***

„Отворен првиот порно факултет“.
Сите од Македонија треба да добиеме диплома, оти 30 години кој стигне нè ебава како сака.

***

„Административците кои работат лошо ќе му се понудат на приватниот сектор“.
Да работеа добро веќе ќе беа во приватен сектор.

***

„Во Охрид поставена паметна клупа“.
Одма iq-то во државата ни се крена на 85.

***

„Ивица Боцевски се враќа од амбасадорското место во Бразил“.
Ветија дека ќе ги вратат младите и исполнија!

***

Фармацевт е уствари шанкер за пензионери…

***

Командант Вентили е нашата Грета!

***

Жителите на Гази Баба масовно се откажуваат од греењето на пластика и гуми после говорот за климатските промени на Грета во ОН.

***

Да не се заборави… Османи, Бујар Османи.

***

Лесно е да ја побараш на дното на Охридско Езеро, оди на дното на Вардар побарај ја за жена.

***

Ела да го читаме новиот статус на Груевски ❤

***

Ги знаете оние пораки за добро утро кои ве будат со насмевка? Ни ја не ги знам.

***

Се гледа дека е кренат стандардот чим никој не се жали на цената на пиперките за ајвар.

***

Во Битола ни Цеца не иди, толку сме отепани…

***

Од вакви ко Ден (Дончев), ни се стемни во државата.

 

(Избор ФБ статуси на Божидар Божиновски алијас Мр. Моџо Килингтон)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...