Јанева била следена две недели пред да ја уапсат

1145

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред да биде уапсена. Висок извор од истрагата ја потврдува оваа информација за ТВ24.

Обвинителството ги чека тие материјали да бидат декласифицирани и од наредната недела ќе и бидат дадени на увид на одбраната и на Јанева. Во тој период кога Јанева била под ПИ-мерки ја даде својата условена оставка како шефица на СЈО, а осомничените Јовановски и Кичеец веќе беа во притвор.

По отворањето на истрагата шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција тврдеше дека Јанева не е под ПИМ, но одлуката била донесена потоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...