Ќе го напушти ли Катица Јанева затворот во Шутка?

1297

Дали екс специјалната обвинителка Катица Јанева ќе излезе од Шутка и ќе замине во домашен притвор ќе биде познато утре за кога според најавите Вишото јавно обвинителство ќе даде мислење на надополнетата жалба на нејзиниот адвокатски тим кој смета дека со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите, па очекуваат судот да и го укине притворот и да и определи поблага мерка, јави Канал 5. 

-Ја надополнивме  жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите, па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот. А од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки – вели адвокатот Дељо Кадиев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...