Околу 60 млади од 16 земји од Југоисточна Европа и од западните земји утре во македонскиот Парламет ќе достават сет-препораки како да се подобри квалитетот на животот на младите и да се запре иселувањето од земјата. Препораките произлегуваат од 17-тата Меѓународна младинска конференција што се одржува во Крушево, насловена „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“.
Според Методија Стојчески, од Младинскиот совет од Крушево, организатор на меѓународната младинска конференција, главни теми на Конференцијата се иселувањето на младите, како Регионален проблем и насоките за решавање на ситуацијата и затоа се подготвени сет-препораки до Парламентот.
– Младите на Конференцијата подготвија сет-препораки кои в понеделник ќе бидат презентирани пред Националната комисија за европски интеграции во македонскиот Парламент, пред Дипломатскиот кор кој треба да ги пренесе до своите влади. Што треба да се направи: подобрување во здравствениот систем, во едукацискиот систем и да се потрудат да го најдат тој баланс помеѓу пазарот на трудот и едукативните програми, тоа што и на поразвиените земји тешко им успева. Значи, продукција на кадар каков што е потребен на пазарот на трудот, да го подобрат животниот стандард и условите за живот во нашата и во државите од регионот – изјави Стојчески.
Стојчески ги објаснува целите на Конференцијата зашто, како што вели, проблемот со иселувањето е регионален
– Наша основна цел е да разговараме за Европа, како систем на вредности, не само за Европа како економска и политичка структура. Да ги доближиме тие основни европски вредности до младите луѓе во нашиов Регион, но и да разговараме за секојдневните проблеми со кои се оптоварени младите луѓе. Оваа година како најголем и основен проблем на младите од Регионот го идентификувавме иселувањето. Почетна тема на конференцијата е „Дали да си одам или да останам во Регионот“. Според податоците од регионалната студија за млади која во 2018 година ја изработи фондацијата „Фридрих Еберт“ која е и партенер во овој проект, се откриваат фрапантни податоци, не само во земјите кои се надвор од ЕУ, а се стремат за влез во Европската Унија, туку и кај членките. На пример, Хрватска, Бугарија, Романија, Грција нижат поразителни податоци. Трендот на иселувањето на младите е голем во целиот Регион – објаснува Стојчески.
Процентот на иселување од Македонија кај младата популација е преку 52 осто, а необични се податоците и за земјите од Регионот.
– Иако, младите велат дека сакаат да заминат, интересен е одговорот на прашањето каде младите се гледаат по 10 години. Велат: во јавната администрација, во банка, а сепак, во државава. Инаку, најмала е интенцијата за иселување во Романија, зачудувачки, околу 10 проценти, а најголема е во Албанија со повеќе од 63 проценти. Во Словенија, пак, во периодот од 2011 до 2015 година, била помала интенцијата за иселување, отколку во периодот од 2015 до 2018 година. Во Македонија е намален процентот на тие кои се иселуваат, или размислуваат за тоа, за разлика од периодот 2011 до 2015 година, но, сепак, е висок и се движи од 52 до 53 проценти од младата популација, средношколци и студенти – изјави Стојчески.
Блажо Малески од Македонија вели дека треба да се промени образовниот систем, да се подигне квалитетот на животот на младите и заработувачката. Но, смета, не може да се случи „преку ноќ“.
-Трендот на иселувањето може само да го намалиме, доколку сакаме да направиме позначајни реформи и посериозно да ја сфатиме работата. Тоа не се случува преку ноќ, тоа е долг процес во кој младите со институциите треба да креираат политики кои ќе ги задоволат потребите на младите во нашата држава, без разлика дали станува збор за образованитео или вработувањето, со што нашата држава може да ја направиме подобро место за живеење на младите. Приоритетно е да се промени она што младите го учат во образованието и да биде во корелација со она што е потребно на пазарот на трудот. Неодамна имамвме голема младинска невработеност. Таа континуирано се намалува, поради различни причини, дали одредени политики или се помалиот број на млади во државава. Тоа, за почеток е битно за да видиме што имаме и што е тоа што им е потребно на индустријата и на пазарот на трудот. Но битни се и секундарните работи: квалитетот на животот, загадувањето и дали патата е доволна за младите да имаат квалитетен живо – објаснува Малески.
Маја Лисац од Хрватска вели дека иако младите од Хрватска имаат поволности за излез од државата како членка на Европската Унија, сепак проблемот во Регионот останува.
– Јас сум Хрватка со адреса во Брисел. Релативно, се соочуваме со исти проблеми. Се надеваме дека на крајот од Конференцијата ќе создадеме многу квалитетен предлог кој ќе го претставиме утре пред македонскиот Парламент. Се надеваме дека Конфренцијата ќе има „глас“ и ќе се слушне идеја околу иселувањето на младите од Регионот. Ситуацијата во Хрватска е релативно реципрочна на состојбата во целиот Регион. Многу малди се иселуваат. Ние сме членка на ЕУ, па движењето низ Европа ни е полесно и имаме повеќе прилики да работиме во институции. Но. многу битна работа е што имаме претставници од Регионот кои ќе се заземат за состојбите. Кај нас, главните причини за иселување се незадоволството, многу образовани млади не може да најдат работа за која учеле, па одат во земји каде им се овозможуваат приликите – вели Лисац.
Своето искуство го споделува и Габриеле Розана од Италија.
-Јас сум од Италија, но живеам во Брисел. Трета година доаѓам на оваа Конференција во Крушево и стекнувам нови искуства, контакти и познанства со луѓето од Регионот. Главно е дека мобилноста ги враќа луѓето назад во Регионот, од каде што доаѓаат. Јас потекнувам од Сицилија, последниот, според развојот, регион во Италија, но имам примери дека мои пријатели се враќаат назад, токму преку програмата за мобилност. И сметам дека тоа е и можноста за балканскиот Регион, изјави Розана.
За програмата за мобилност, или во Македонија, програмата „Еразмус“ говори Лидија Димова, директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Димоска ги споменува бенефитите од поканата за членство на Македонија во ЕУ.
– Програмата „Еразмус“ е програма во која Македонија учествува подолго време. Целта е да се промовираат мобилностите. Нашите луѓе, младите да видат поинакви искуства од Македонија. Нашите податоци покажуваат дека мобилноста е корисна и луѓето се враќаат назад. Ако одат една година да учат или да работат во странство, да ги усовршуваат своите вештини, тие луѓе се враќаат во својата држава. Податоците покажуваат дека така е и во другите држави. Овде има разлика помеѓу миграцијата, иселувањето и мобилноста која секогаш е позитивна. Со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, младите се третираат во неколку поглавја. Главно, ќе се третираат во поглавјето 23 каде се невладините организации за развоот на демократијата. Но, исто така младите ќе бидат дел од 19-тото поглавје кое се однесува на вработувањето, вклучувањето на младите, а во поглавјето број 26 станува збор за младите, образованието и за културата, вели таа.
Димова смета оти штом ќе почнеме преговори со ЕУ, ќе се зголемат Фондовите, а тоа, вели значи и програмата „Еразмус“ ќе добие двојно поголеми финансиски средства.
– За повеќе, ќе зависи како ќе се покажеме како држава, а ќе може да користиме средства и од другите европски фондови. Значи, новата финансиска рамка ќе дозволува компатибилни инструменти. Способна влада која знае да ги управува тие средства, ќе знае да ги повлече средствата од другите Фондови кои досега биле недопирливи за нас. Најбитно е да се отворат преговорите за членство во ЕУ, објаснува Димова.
Седумнаесеттата Меѓународна конференција на младите од Југоисточна Европа завршува утр