Димитров очекува поддршка и од Франција за почеток на преговорите со ЕУ

80

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да и даде поддршка на земјава за датум за почеток на преговори со Европската унија.

– Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд, а да се успее со европеизацијата на Балканот. Мислам дека ќе имаме поддршка и од Франција – изјави Димитров за МТВ.

Министерот за надворешни работи смета дека потоа ќе треба да се работи многу на внатрешен план.

-На некој начин битката се сели од надвор кон дома. Не чека многу работа со засукани ракави, па би рекол дури и нов начин на водење политика вели Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...