Поранешниот министер за земјоделство, сега генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска во Ресен береше јаболка на традиционалниот јаболкобер во Ресен придружуван од сопартијци.
-Тука сме заеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја – изјави Николовски.
Николовски додаде дека 2.170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнале и добиле своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација.