Есенско чистење на улиците во Карпош

Градоначалникот Стефан Богоев кој беше на почетокот на кацијата изјави дека општината набавува две цистерни за миење на улици, еден кипер (со плуг за чистење на снег и распрскувач на сол) и еден рачен вшмукувач за лисја и поситен комунален отпад.

175

Во Карпош проведува голема есенска акција за чистење улиците и парковските површини. Комуналните служби на локалната самоуправа и ЈП Комунална хигиена – Скопје чистат во повеќе населби, а особено е ставен акцент на миење на главните и сервисни улици со цистерни.

Акцијата почна од платото во Карпош 3 (кај фонтана).

Градоначалникот Стефан Богоев кој беше на почетокот на кацијата изјави дека општината набавува две цистерни за миење на улици, еден кипер (со плуг за чистење на снег и распрскувач на сол) и еден рачен вшмукувач за лисја и поситен комунален отпад.

– Исто така, околу 10 наши вработени по урбаните заедници, се во процес на добивање на овластување за да бидат редари. Тоа значи да вршат редовни контроли на терен, да казнуваат за неправилно фрлање на отпад, како на физички лица, така и на правни субјекти – рече Богоев.

Кемал Мусли, помошник директорот на ЈП КХС напомена дека јавното претпријатие ќе продолжи да им помага на опшините во секојдневното справување со нечистотата, затворањето на диви депонии и слично. Тој ја поздрави иницијатива на Општината за зголемени контроли на терен и санкција на загадувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...