Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз во полуфиналниот натпревар на турнирот во унгарскиот град Капошвар.
Лина загуби од 20-годишната Словенка Вероника Ерјавец, со 2:6, 4:6, иако македонската претставничка има подобар пласман на ВТА листата во моментов.
По убедливо загубениот прв сет, нашата тенисерка заигра подобро во вториот сет и беше рамноправна до 4:4, но тогаш Словенката направи брејк, ги освои последните два гејма, и дојде до победа, користејќи ја третата меч-топка.
ИТФ фјучрс турнирот во Капошвар на терени со земјена подлога, се игра за награден фонд од 25.000 долари.