Шилегов треба да одговори на неколку основни прашања: Зошто новата Градска куќа ја продава по цена далеку од нејзината вредност, и зошто новиот купувач го части со гратис комуналии, и бесплатно државно земјиште кои Градот Скопје ги обезбеди за оваа зграда?Дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа, и дали во прашање се провизии кои ќе легнат на нечија сметка за ваквиот бонбона бизнис?, параша на денешната прес-конференција Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ако Градската куќа како што вели Шилегов е на несоодветен простор, тогаш зошто тој како градоначалник вложи 3 милиони евра за нејзино финализирање, инвестирајќи во проект кој за него е промашен, освен ако не сака да почасти некој купувач со ваков капитален објект за Скопје – рече Попова.
Попова прашува и дали градоначалникот на Скопје таксал зграда стара неколку децении која се наоѓа пред Градскиот трговски центар, во замена на новата изградена Градска куќа.